Фото: Општина Кичево

Општина Кичево шеста година по ред ќе додели 50 стипендии на студенти од општината за претстојната академска година. Висината на стипендиите ќе изнесува 3000 денари.

Студентите кои ќе ги добијат стипендиите, истите ќе им бидат исплатени во период од осум месеци. Сите заинтересирани студенти подетални информации ќе можат да добијат на веб страницата на општина Кичево.

-За да им го олесниме студирањето и да ги стимулираме да имаат повисок просек и во претстојната академска година на 50 студенти од нашата општина ќе им доделиме стипендии во висина од по 3000 денари месечно. Стипендии ќе бидат доделени на две категории студенти и тоа на 25 студенти со висок просек на студирање и исто толку стипендии за студенти што се наоѓаат во потешка економска состојба. Корисниците стипендијата ќе ја добиваат во период од 8 месеци. Инаку ова е шеста година по ред како општина Кичево наградува 50 академски граѓани од општината – информираа од општина Кичево.

Според искуствата од претходните години интересот за добивање на овие стипендии е голем, што се очекува да се повтори и годинава.

З.А