Заменикот-градоначалникот на Битола и воедно координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општина Битола, Бојан Бојкоски, на денешната седница на Советот поднесе иницијатива до Владата за отстапување хотел „Битола“ на општина Битола со цел отворање на сместувачки капацитет за стари лица.

Бојкоски во образложението рече дека овој капацитет може да се користи и за сместување на бездомни лица.

Според Бојковски, овој хотел со одлука на Фондот за пензиско и инвалидско оригурување е затворен на крајот на ланската година.

Се работи за објект кој е во вкупен комерцијален дел од 1.593 метри квадратни, има 91 соба, распоредени на два ката, сала со капациетет за 430 седишта, бизнис-сала со 120 седишта. Објектот е опремен со котлара, перална, магациски простории, работилници, кујна, комори за одржување и смрзнување. М.М.