Во Битола денеска се одржа чествување по повод 78-годишнината од формирањето на
Првата македонско-егејска ударна бригада, која беше формирана на 18 ноември 1944 од трите партизански одреди од Воденско, Леринско и Костурско.
Свежо цвеќе пред спомен плочата, положија заменик градоначалникот на општина Битола, Бојан Бојкоски, градоначалникот на општина Новаци, Стевче Стевановски и градоначалникот на општина Могила, Драганчо Саботковски, како и претставници на други делегации. Чествувањето на овој јубилеј беше во организација на Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „МАКЕДОН“ и Здружението на Македонците од егејскиот дел на Македонија од Битола.
М.М.