Претставници на Здружението на пензионери од Битола, предводени од претседателката Даница Петличкова, по повод престојните празници на ученици со попречености при ОУ „Ѓорги Сугарев“ им подариja новогодишни подароци посакувајќи им добро здравје и успешно школување.
Во годината што изминува Здружението на пензионери од Битола неколку пати доделуваше хуманитарни донации, а во соработка со волонтерите од Црвен крст спроведе иницијативи за подобрување на здравјето и стандардот на пензионерите со пониски примања, на кои им беа поделени и пакети.
М.М.