Објавени се добитниците на наградите и признанија по повод „3 Ноември“ – денот
на ослободувањето на Прилеп. Тие беа соопштени на денешната прес-конференција што ја одржа Комисијата за одбележување значајни настани, личности и празници. Со одлуката, наградата за животно дело, по повод „3 Ноември“, на денот на одбележувањето, на свечена седница ќе им биде доделена на академик д-р Валентин
Мирчески за особен придонес во природно-математички и биотехнички науки, на примариус специјалист д-р Благоја Дамески за особен придонес во медицината и опшественото живеење и на Диме Попоски за придонесот во музиката, режијата и филмот.
Награди-плакети по повод „3 Ноември“ се доделени на групата The Hounds – за петнаесетгодишен развој на субкултурата во Македонија, на општествено одговорната компанија Гентерм, на младинска екипа на фудбалскиот клуб Победа за афирмација на спортот во Европа, на Територијална противпожарна единица Прилеп за натчовечките напори за зашитита на населението и околината, на Технобен Нова Прилеп за развивање на современи треднови во индустријата, на слаткарница „Шар” по повод 60 години јубилеј, на ПЗУ Медика Д-р Пецко Десоски Прилеп за хуманитарно работење во својата дејност, на група верни пријатели на манастирот Трескавец за помагање и одржување на духовната врска и на пчеларското здружение „Братство” за 70 години јубилеј.
Со наградата диплома „3 Ноември“ ќе се закитат ученикот Петар Мирчески за освоениот бронзен медал на хемиската олимпијада, д-р Наде Караџоска за истражувачката дејност во сите области на библиотекарството, Теодора Димеска за постигнати резултати како женски репрезентативец на Македонија во џудо, Татјана
Иваноска, професор за посветено работење со млади уметници, Хари Сековски –
хуманитарец од дијаспората и Елизабета Настеска за совесно работење во медицинската дејност.
Наградите на добитниците ќе им бидат доделени на свечената седница што ќе се одржи на 3 ноември во Прилеп, при што ќе се одржат и други манифестации по повод празникот. Ка.М.