Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, донираше книги со Брајово писмо во НУУБ „Свети Климент Охридски“.
Донацијата се реализира по повод Меѓународниот ден на Брајовата азбука 4 јануари, а се состои од повеќе примероци на книгите „Гоце Делчев“ од Ванчо Николески, „Песни“ од Миладинов, „Автобиографија“ на Григор Прчличев и „Малиот принц“ од Антоан де Сент Егзипери.
Со зголемувањето на библиотечниот фонд со овие лектирни изданија, се овозможува нивна достапност и за децата со оштетен вид.
М.М.