Синоќа во 07.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.1523 се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.П.(41) од Скопје и патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.М.(30) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот М.М. и малолетен сопатник во неговото возило, констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“.

Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Скопје.