За да ја подобри еколошката слика во општина Пласница, локалната самоуправа во соработка со комуналното претпријатие презедоа широка еколошка акција за чистење на повеќе диви депонии лоцирани во општината. На овој начин подобрена е екологијата на ниво на општина и се очекува грдата слика повеќе да не се повтори.

Затечен од оваа ситуација градоначалникот Алија Јаоски со замолница до своите сограѓани порача да водат сметка каде го одлагаат ѓубрето и самите да не создаваат диви депонии.

-До сите жители од општина Пласница упатувам апел и го замолувам месното население, да не создаваат нови депонии кои ја загрозуваат животната средина. Ние како општина во соработка со локалното комунално претпријатие ги средивме неколкуте места со диви депонии и со нашата еколошка акција сите места на кои диво се одлагаше сметот се исчистени. Можеме и мораме да ја подигнеме еколошката свест кај сите нас, затоа што ЕУ најмногу ја вреднува чистата животна околина кон која се стремиме и ние како општина – нагласи градоначалникот Јаоски.

З.А