фото: З.А.

Петнаесет екипи и поединци беа дел од хуманитарниот риболовен натпревар што се одржа на Осломејско Езеро, за да се соберат парични средства за помош на настраданите во катастрофалниот пожар што се случи на 16 март оваа година во Кочани. Учесниците на овој риболовен натпревар собраа вкупно 27.000 денари, кои ќе бидат доделени на настраданите во пожарот во Кочани.

фото: З.А.

– Во организација на СРД „Хантер Фиш“ од Кичево, се организира риболовен натпревар од кој средствата во износ од 27.000 денари беа наменети за настраданите во катастрофалниот пожар што се случи на 16 март во Кочани. Риболовниот натпревар траеше непрекинато 12 часа, а најуспешни на овој натпревар беа екипите на Штип, која го освои првото место и оствари вкупен улов од 39.610 килограми крап, второто место ѝ припадна на екипата од Тетово која имаше вкупен улов од 36.145 килограми крап. Третото место ѝ припадна на екипата на Кичево, која оствари вкупен улов од 19.930 килограми. Се надеваме дека овие средствата од овој риболовен натпревар ќе им бидат добредојдени на семејствата кои беа дел од настраданите во овој катастрофален пожар – истакна Бесмир Елези, претседател на СРД „Хантер Фиш“, организатор на овој хуманитарен спортско – риболовен натпревар.

З.А.