На денешната средба, евроамбасадорот Дејвид Гир на градонаначалникот на Битола Тони Коњановски му подари тегла која од сончевата светлина произведува електрична енергија.
– Животната средина е огромно прашање за овој град, па разговаравме за бројни
аспекти кои ја засегаат неа, за ЕУ фондовите кои можат да се стават на располагање во
овој контекст, за проектот за инвестиција во отпадните води и проектот „ЕУ за чист
воздух“. Разговаравме и за правилна транзиција на РЕК „Битола“ кој е важен производител на енергија во земјава, но како да се направи транзиција кон зелено производство на електрочна енергија за зачувување на животната средина и здравјето на луѓето, па во овој контакт како може ЕУ преку нејзината поддршка да придонесе – рече Гир.
Евроамбасадорот во рамки првата официјална посета на општина Битола со Коњановски разговараше за новите предизвици и можностите за понатамошна соработка во повеќе области, меѓу кои животната средина, младите, економскиот развој и други области во кои општината би можела да добие поддршка за реализација на повеќе проекти. М.М.