Фото: З.А

Покрај брзата афирмација кај спортските риболовци во земјава и надвор од неа, Осломејско езеро се повеќе се етаблира и кај туристите кои ја посетуваат нашата земја. Деновиве, туристи од Естонија својот земски рај за кампување го пронајдоа на Осломејско езеро, беа презадоволни од убавината и големината на езерото, но имаа забелешки од недоволната уреденост на крајезерскиот појас и посочија дека државата и општината треба да вложат повеќе средства за да може оваа убавина да го добие своето место на туристичката мапа на земјава.

– Деновиве на нашето езеро имавме дванаесет кампери од Естонија, кои по контактите со нашето спортско-риболовно друштво „Хантер Фиш“ одлучија да кампуваат на Осломејско езеро. Естонците беа презадоволни од убавината на езерото, но имаа забелешки на недоволно уредениот крајезерски појас и посочија, дека, за да се искористи погодноста на езерото и неговата местоположба треба државата и општината да издвојат повеќе средства за да се дотера околината на езерото и да се обезбедат услови за негова поширока афирмација, во спротивно ќе биде анонимно и непознато за поголем дел туристи кои би посакале да го посетати и да поминат барем една ноќ крај неговите брегови – истакна Бесмир Елези, претседател на СРД „Хантер Фиш“ од Кичево.

З.А