Фото: З.А.

Поголема група млади од Кичево спроведе еднодневна еко-акција на градскиот базен, каде за Богојавление-Водици ќе биде положен светиот крст. Волонтерите ги исчистија базенот и околината, при што го отстранија целокупното ѓубре и со целосна подготвеност базенот ќе ги пречека верниците од градот за големиот верски празник.

– За целосно да биде подготвен градскиот базен за големиот верски празник Богојавление, ние, поголема група млади доброволци од градот, изведовме еднодневна еко-акција во која целосно го исчистивме базенот во неговата внатрешност, како и околината, ги саниравме оштетувањата на делови од базенот и во неговата внатрешност поставивме специјален најлон кој ќе спречи истекување на водата и целосно подготвен ќе го пречека големиот верски празник Богојавление, кога на оваа локација се собираат повеќе илјади верници – истакна Ивица Мисајлески, еден од најактивните доброволци од Кичево, кој е учесник на сите акции што се изведуваат во верските објекти, како во градот така и во околината. З.А.

Фото: З.А.