На Економскиот факултет во Прилеп вечерва започна 13-та меѓународна конференција „Economy, busniss, society in digitalized enviroument 2024“,со учество на научници од земјава и странство.
Конференцијата ја отвори д-р Драгица Оџаклиеска, декан на Економскиот факултет, која посочи дека опфаќа теми поврзани со дигиталната трансформација на економијата и бизнисот.
– Современите економски системи мора да ги користат дигиталните технологии за да ги зајакнат вештините, способностите, организациските капацитети со нагласување на човечкиот потенцијал.Дигиталната трансформација и профилацијата на вештачката интелигенција играат големо влијание во модерниот начин на живот – рече деканот Оџаклиоска.
Присутните на конференцијата ги поздравија Игор Неделковски, ректор на Универзитетот “Св.Климент Охридски” и Марјан Ристески, заменик министер за економија, посочувајќи дека ваквите средби се значајни за регионалната соработка.
На конференцијата вечерва и утре ќе бидат презентирани 50 трудови од 100 автори, преку кои ќе се претстават најновите истражувања за решавање на проблемите во современата економија.
Воедно Економскиот факултет Прилеп потпиша Меморандум за соработка со Фискалниот совет.
Ka.M.