Во Народниот театар во Битола свечено беа одбележани 77 години од формирањето на Црвениот крст.
На свеченоста беа доделени признанија на крводарителите од Битола кои дарувале 50, 75 и над 130 пати крв.
Признание му беше доделено и на крводарителот Менде Гроздановски, кој дарувал крв дури 141 пат.
Признанијата за нивната хуманост и придонес во спасувањето на човечки животи, им ги врачија градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, градоначалникот на општина Могила, Драганчо Саботковски и градоначалникот на општина Новаци, Стевче Стевановски.
Во своето обраќање пред присутните градоначалникот на Битола, Тони Коњановски ја нагласи важноста од успешната соработка, која општина Битола, ја остварува со општинската организација на Црвениот крст, со која во моментот се реализираат проектите за згрижување на бездомни лица и лица во ризик, како и обука на невработени лица за побарувани занимања.
Настанот кој беше организиран по повод Денот на крводарителството и 77 годишнината од основањето на Црвениот крст на Македонија, го затвори театарската претстава насловена „Одам на лов”, во изведба на волонтерите на Клубот на млади при Општинската организација на Црвениот крст Битола.
М.М.