Осумдесетгодишнината од смртта на Коста Солев Рацин и 115 години од неговото раѓање беа одбележани со денешната посета на споменикот на врвот Стог и спомен обележјето, каде што големиот поет во 1943 година трагично го загуби својот живот. На денешното чевствување беа присутни делегации од родниот град Велес, Кичево, градот каде што се наоѓа планината Лопушник, Сојузот на борците од овој град, АРМ и голем број почитувачи на животот и делото на поетот. Покрај претставникот на општина Велес, присутните ги поздрави Коста Нојков и претставникот на општина Кичево, Михајло Петрески.
На чевствувањето беа присутни и тројцата ултрамаратонци кои во период од четири дена го истрчаа патот од родниот град на поетот Велес, до споменикот на Лопушник на врвот Стог.