Фото: Игор Бансколиев

Општина Битола во соработка со ЈЗУ Центарот за јавно здравје и КЈП Нискоградба, денеска започна со превентивна систематска дератизација, односно поставување на отровни мамци за уништување на глодари (глувци) – пролетна фаза.

Активностите се спроведуваат согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, а врз основа на одлуката на Советот на Општина Битола за спроведување на превентивна систематска дератизација на територијата на град Битола, како општа против епидемиска мерка,
За време на оваа дератизација, која ќе трае до 26 април ќе бидат опфатени 3.800 шахти.

М.М.