Со одржување на утринска богослужба и Света Божествена литургија, со која чиноначалствуваше, неговото Високо правосвештенство, Митрополитот Петар, во Храмот „Свети Великомаченик Димитриј”, Битола го одбележа Денот на заштитникот на Битола, „Свети Нектариј Битолски”.
По одржувањетона утринската богослужба се одржа Литијани низ градот со моштите на „Свети Агатангел Битолски”, а во чест на патронот и заштитникот на Битола –
„Свети Нектариј Битолски”.

На одбележување, организирано од Преспанско – пелагониската епархија, во соработка со општина Битола, присуствуваше и градоначалникот Тони Коњановски, кој испрати честитка по повод празникот до сите граѓани на Битола, посакувајки доброто, секогаш да биде наша водилка на патот кон успехот:

– На сите сограѓани им го честитам Денот на заститникот на градот – Свети Нектариј Битолски. Неговата заштита нека биде постојано со нас. Секојдневието да го исполниме со љубов, меѓусебно почитување и добрина кои ќе не водат кон исполнување на високите вредности, со кои ќе ја градиме иднината на Битола, иднината на сите нас и генерациите кои доаѓаат”, рече градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, честитајки го Денот на заштитникот на Битола.

По повод „Свети Нектариј Битолски”, годинава за првпат, општина Битола, им додели награди на 19 талентирани и надарени ученици од опстината, за постигнатиот успех во учебната 2021/2022 година.

М.М.