Општина Прилеп за оваа 2023/2024 учебна година обезбеди бесплатен оброк за секое прваче. Сите 664 првачиња од основните училишта од Општина Прилеп од први септември ќе добиваат бесплатен оброк, здрава храна.
-Целта е финансиски да им олесниме на родителите, кои за прв пат ги запишуваат своите деца во училиште, но и да имаат правилна и навремена исхрана за развој. Нашите ученици заслужуваат квалитетно образование, но и добри услови за работа за што се залагаме сите ние и локалната самоуправа и раководителите на образовни институции, за да создадеме можности за подобра иднина на нашите деца – вели Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.
Инаку, и годинава во Општина Прилеп продолжи трендот за намалување на бројот на запишани првачиња.
Има намалување за стотина деца, бидејќи граѓаните заминуваат во странство.
И бројот на намалување на ученици не е само во прво одделение, туку и во погорните одделенија. Од општината велат дека само за шест месеци се отпишале од училиште 300 деца, што доволно говори дека треба да биде вклучлен алармот и да се преземат соодвенти мерки. Ка.М.