Асфалтот, по долгогодишни очекувања, денеска стигна до Зовиќ, едно од најпознатите
мариовски села во кое се наоѓа една од најголемите туристички атракции во овој регион – камениот или како што го викаат филмскиот мост.

Асфалтот ќе се протега од село Градешница до познатиот манастир Св. Илија (Брен).

Изградбата на оваа патна делница ќе овозможи ангажирање во туристичкиот сектор на најмалку 3 отсто од маргинализираните групи на жители на регионот (жители на оддалечени рурални средини) во формалната економија преку нивно платено вклучување во креирањето и испораката на туристички услуги за околу 10.000 туристи
годишно.

Подобрувањето на патната инфрастртуктура во Мариово, пред сѐ, ќе им овозможи подобро искуство на најмалку 10.000 гости од земјата и странство кои годишно
го посетуваат Мариово и селото Зовиќ.

Овој проект се реализира со поддршка на Министерството за локална самоуправа и Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион.

Една од целите на проектот е да се изврши подобрување на патната инфраструктура која е неопходна за развој на туризмот во Мариовско и Пелагонискиот
регион. Вкупната инвестиција чини околу 6 милиони денари. М.М.