фото: Зоран Антоски

Во наредните две седмици ќе биде уништена првата половина од артилериските гранати пронајдени кај градскиот стадион во Битола, додека втората половина и останатите мински експлозивни средства собрани во земјава во последните десетина месеци, ќе бидат уништени во месеците јануари и февруари.

Деновиве ќе се иврши транспорт на овие средства на воениот полигон Криволак ,каде ќе биде спроведена целокупната операција.

– Првата половина од артилериските гранати по потекло од Првата светска војна, пронајдени кај Градскиот стадион во Битола, околу 6000, ќе биде уништена во наредните две седмици во термините, 15,18,22 и 25, на воениот полигон Криволак. Во понеделник ќе биде извршен транспорт на овие убојни средства до воениот полигон, каде ќе биде извршено уништувањето од страна на пиротехничари од ДЗС. За целосно заокружување на оваа операција, во текот на месеците јануари и февруари ќе има уште неколку термини кога ќе бидат уништени, покрај артилериските гранати што преостанаа од акцијата во Битола и сите убојни средства собрани во земјава во послединте десетина месеци или поточно од последното уништување спроведено на Криволак.Уништувањето како и досега ќе биде под целосен надзор и контрола на првите луѓе на АРСМ,ДЗС и МВР – истакна Драгољуб и Попоски, од Дирекцијата за заштита и спасување.

З.А.