Првите луѓе на АД ЕСМ Васко Ковачевски, на РЕК „Битола“ Златко Ќурчиевски,
Елемтурс, ФОД и хотелот „Молика“ викеднов извршија посета на ски-центарот Копанки и хотелот „Молика“.

Целта на посетата беше запознавање на раководството на компанијата со состојбата на хотелскиот комплекс по завршувањето на летната сезона, во текот на која се искористија значаен број државни ваучери за туризам од страна на граѓаните.

На средбата беше разговарано и за извршените подготовки за успешна реализација на претстојната зимска сезона, како во инфраструктурата хотелот, така и во ски-центарот.

Нотирани беа активностите кои се уште треба да се спроведат, за што на располагање се ставаат внатрешните ресурси на компанијата, односно соработка меѓу сестринските фирми на АД ЕСМ и пружање меѓусебни услуги, согласно нивните специфики на работа.
М.М.