Библиотекарката м-р Фатма Бајрам Аземовска, вработена во НУУБ „Св. Климент
Охридски”, Битола е добитничка на признанието библиотекар на годината,кое се доделува за врвни достигнувања од областа на библиотекарството и информациската дејност од јавните библиотеки, за 2020 година.
Ова високо признание од областа на библиотекарството кое го носи името „Павлина Цунева Маказлиева“ Фатма Бајрам Аземовска го доби за реализирани бројни проекти во библиотечно- информациската дејност, користење на информациска и комуникациска технологија во ширењето и збогатувањето на библиотечните услуги, континуитет во унапредувањето на библиотечно информациската дејност, поттикнување навики за читање кај децата, број на објавени научни и стручни трудови од областа на библиотекарството и друго. М.М.