Советот на општина Битола на денешната онлајн-седница донесе одлука, со која се усвои сообраќајната студија и идеjниот сообраќаен проект со динамичка микроскопска симулација и организирање на режим на сообраќај во централно градско подрачје на град Битола.

Со оваа студија се предвидува зголемување на површините за пешаци и велосипедисти, што ќе се реализира со изготвување на проектна документација, согласно законската регулатива.

Со новата студија во Централното градско јадро на Битола, како заштитено културно наследство, приоритет ќе имаат пешаците и велосипедистите.
Студијата дава генерални насоки на понатамошниот режим на сообраќајот во иднина. Како основа за нејзина изработка, земени се, претходни плански документации: сообраќајна студија од 2011, ГУП, детални урбанистички планови и законските прописи.
Студијата е конципирана врз основа на извршена споредба на предвидените плански решенија и моменталната состојба на сообраќајот и содржи мерливи податоци за сегашното одвивање на сообраќајот во градот, сега и во иднина.
Податоците треба континуирано да се ажурираат и да се постапува со конкретни мерки. Во процесот на изработка на студијата извршена е виртуелна симулација со софтверот VISSIM, при што идејните решенија, се проверени во виртуелниот модел.

M.M.