фото: Зоран Антоски

Кога на почетокот на август, во текот на три дена во земјава имаше интензивни врнежи од дожд, собирачите на шумски плодови се понадеваа дека дојде периодот кога слабата пролетна реколта ќе ја надометат со побогата августовската берба, но во најголем дел региони прогнозите на печуркарите не се остварија и дури ни овие дождови не помогнаа да има поголем род на печурките. Причина беше недоволната влага на почвата, што е втор неопходен услов, покрај топлата подлога, за богат род на печурките, што ни го потврдија голем дел печуркари од кичевско.

– Бевме оптимисти дека августовските дождови ќе придонесат, конечно и оваа година да имаме богат род на печурката, вргањ и лисичарка, и да го надоместиме празниот од без никаков род на печурките во мај и јуни. Но нашите очекувања и надежи не се остварија во целост бидејќи се потврди дека ни оваа влага не е доволна да имаме побогат род. Не дека нема печурки, но тоа е ситно во однос на нашите очекувања. Не знам што да речам, ако продолжи топлиот период и повторно имаме врнежи од дожд, можеби треба да очекуваме побогат род на печурките – вели Горан Лазарески, искусен печуркар од Кичево.

З.А.