Босилово
Во Општина Босилово се гради првата детска градинка. Карабината на објектот е комплетна и деновиве се привршуваат градежните работи околу вградување на електричната инсталација и на алуминиумските врати и прозорци. Работниците забрзано работат на објектот и, според надлежните, сѐ се одвива според веќе предвидената динамика. Ова е прв ваков објект наменет за децата од предучилишна возраст, а ќе има капацитет да прими од 60 до 80 дечиња.
Доколку сѐ се одвива според планот, надлежните се надеваат дека објектот ќе биде завршен и во предвидениот рок, а потоа набргу ќе биде отворен да ги прими најмладите од Босилово. На задоволство на нивните родители, сега и тие, како и родителите во другите општини, ќе можат своите најмили да ги оставаат во градинка додека се на своите работни места. Изградбата на градинката е на задоволство на сите жители на Босилово.