Во Свети Николе се гради зграда за социјално ранливи категории, а, според планираното, објектот треба да биде готов за 18 месеци. Во зградата ќе бидат сместени 48 лица, а становите се со површина од 34 до 46 квадратни метри.
– Оваа зграда е првата што се гради во овој град по триесетина години. На почетокот на изградбата на зградата во населбата Лозов Расадник, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески рече дека ако оди по предвидениот план, во април идната година зградата ќе може да ги прими своите станари. Со изградбата на оваа зграда се решава проблемот на социјално ранливите семејства, кои добиваат и современи услови за домување. Становите од оваа зграда во Свети Николе ќе бидат доделени на ист начин како и досегашните -информираат од општината Свети Николе.