Во општината Крива Паланка се расчистуваше депонијата што беше создадена кај пелагониската база. На расчистениот просторот од страна на надлежните служби во општината е поставена и табла за забрането депонирање отпад. Граѓаните се предупредени дека комуналните редари ќе вршат контрола на локалитетот и за секој нарушувач на просторот што ќе истовара отпад ќе изрекуваат санкции во согласност со законите и со прописите.
– Се известуваат граѓаните и правните лица дека е забрането понатамошно истоварање на каков било материјал на веќе исчистениот простор – предупредуваат од општината Крива Паланка.