Екипа од Центарот за јавно здравје од Битола, денес и утре ќе спроведе теристичко прскање против возрасни комарци во Општина Кичево. Запрашувањето ќе се врши во периодот од 20 часот со апаратура за УЛВ ладно запрашување, поставена на пикап возило.
Во првата фаза ќе бидат опфатени 800 хектари и тоа градот Кичево и урбаните населби Осломеј, Зајас, Другово и Вранештица. Со ова прскање ќе бидат опфатени зелените површини, подрачјата околу реките, лежечките води, каналските системи и урбаните населби и локалитети.
– Во случај на врнежи од дожд или други временски непогоди, прскањето против комарци ќе се спроведе во други термини, кога хидролошката состојба го дозволува тоа.Во денови како што е денешниот со врнежи од дожд, прскањето нема да биде делотворно и затоа најверојатно ќе се спреоведе во други термини – посочија од Центарот за управување со кризи од Кичево. З.А.