Учениците од ОСУ „Дрита“ Кичево, веќе втор ден своето незадоволство од онлајн наставата го изразуваат со протести на градските улици. Тие во своето барање имаат за цел да ја променат одлуката на Министерството за образование и настава да почнат да следат со физичко присуство во училиште, и додаваат дека протестите ќе продолжат се дотогаш , додека не се реализира нивното барање.
– Нашите барања се јасни. Доста беше од онлајн настава во претходната учебна година и бараме во новата учебна година од старт да започнеме настава со физичко присуство во училиште. Протестите ќе траат се дотогаш, додека не се реализираат нашите барања. Доста беше седење со часови пред компјутер и конечно дојдено е време наставата да ја следиме во живо во училиште, како што тоа сме го практикувале со години – истакнаа група кичевски средношколци. З.А.