Откако пред пет дена шарпланинецот Караман, заштитен знак на манастирот „Свети Ѓојѓија“ во село Кнежино, му се изгуби секаква трааг, верниците кои често го посетуваат манастирот беа крајно загрижени и на памет им доаѓаа секакви помисли и дека можеби повеќе никогаш нема да го видат.
Сепак по фотографиите објавени на социјачните мрежи, се дозна дека Караман веќе неколку дена се наоѓа во една приградска населба, каде прави друштво на една шарпланинка во дворот на жител од населбата. Тој стапи во контакт со лицата кои беа во потрага по кучето. Сите беа пресреќни што овој случај имаше среќен крај а најмногу се радуваа монахињите во манастирот .
– Презадоволни сме што Караман е повторно тука со нас. Бевме изненадени, зачудени и ожалостени од неговото исчезнуваење, но сега сме пресреќни што е повторно тука со нас. Ако пред три години го преживеа каснувањето од змија, сметавме дека сега ништо не може да го спречи да се врати назад. Караман од малечок го донесовме од манастирот „Свети Јован Бигорски“ и веќе четири години е тука со нас – објаснува сестра Софија, старешинка на манастирот.
Инаку немаше верник кој ќе го посетеше манастирот а да не се фотографира со прекрасниот шарпланинец, поготово тоа го правеа родителите кои доааѓа тука со своите деца.