Премиерот Зоран Заев придружуван од министерот за земјоделие Трајан Димковски, денеска во битолското село Кравари ја промовираше мерката за поефтино гориво за земјоделската механизација.
За мерката “зелена нафта“ од програмата за директни плаќања обезбедени се 200 милиони денари. Со мерката за “ зелена нафта “ ќе бидат опфатени 55.000 земјоделци кои имаат градинарски и поледелски култури, лозови и овошни насади.
Државата со оваа мерка ќе покрие 30 остто од трошоците за набавка на гориво за земјоделската механизација, истакна премиерот Зоран Заев во Битолско. „Зелена нафта“ земјоделците бараа повеќе од 10 години. М.М.