Од почетокот на оваа учебна година, дел од учениците од ОСУ „Мирко Милески“ Кичево, не можат нормално да ја следат онлајн наставата поради недоволниот капацитет на интернет во дел од училниците. Кабелскиот оператор е ангажиран за отстранување на овој дефект и нормализација на интернетот.
– Поради проблемите кои ги создаде интернетот во поголем дел училници, професорите од нашето училиште не можат нормално да ја држат наставата. Со проблемот е запознаен кабелскиот оператотор и неговите вработени се ангажирани на надминување на овој проблем. Ако во меѓувреме не се случи нешто непланирано, интернетот ќе биде целосно оперативен уште во текот на утрешниот ден, а ние според распоредот ќе можеме без потешкотии да ја држиме наставата – вели Зоран Стојаноски, професор во ова средно училиште