Денеска во Прилеп регистрирани се 79 ново заразени лица од ковид-19, меѓу кои и градоначалникот Илија Јованоски, кој на својот фејбук-профил напиша дека синоќа добил позитивен резултат на тестот за ковид-19, којшто го направил во текот на вчерашниот ден.
– Веднаш откако се посомневав на првични симптоми на коронавирусот се тестирав, позитивен сум. Моментално сум во домашна изолација, со лесни симптоми на вирусот. Од почетокот на пандемијата, како градоначалник и како шеф на Општинскиот кризен штаб, ги преземам и иницирам сите неопходни мерки за заштита на колективното здравје на граѓаните. Притоа, водејќи максимална грижа за заштита на личното здравје, здравјето на моите најблиски и на сите оние со кои сум во перманентна работна комуникација и интеракција. Таквиот начин на функционирање стана мое секојдневие, во континуитет, пред, за време и после периодот додека волонтирав во Инфективното одделение во прилепската болница. Но, како што се покажа, вирусот ковид-19 е непредвидлив и лесно пренослив, особено новиот „британски“ сој, кој за жал го има во нашиот град – напиша Јованоски.
Тој апелира на максимално и строго почитување на мерките за заштита, носење заштитни маски, одржување физичка дистанца, дезинфекција на рацете и работните површини.

Ка.М.