Сончево со мала, а попладне со умерена облачност. Локално ќе има услови за краткотраен дожд, особено на крајниот исток.
Дневните температури ќе се движат во интервал од 20 до 30 степени.
Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 29 степени.
УВ индексот ќе изнесува 6.
Продолжува периодот на топло време, во попладневните часови ќе има извесно зголемување на облачноста и услови за краткотраен локален дожд и ретки грмежи.