Во пет општини во Скопје (Аеродром, Центар, Кисела Вода, Карпош и Гази Баба) се отворени училишта каде што децата еднаш неделно ќе учат ментална аритметика.
„Малац генијалац“ е франшиза со 95 училишта во осум земји и со повеќе од 10.000 корисници. Тие нудат модерен метод што е тренд низ светот и со кој се постигнува целосен потенцијал на мозокот.
Програмата ги стимулира детските способности од најраниот период и дава исклучителни развојни резултати, благодарение на јапонски метод развиен во соработка со познати светски експерти.
Учењето се заснова на употребата на алатката за пресметување – абакус, со чија визуелизација се постигнува извонредно брза пресметка, каде што децата исклучиво мислат низ начинот на кој изведуваат неколку различни математички операции.
– Научните студии докажаа дека менталната аритметика претставува најдобра обука за мозокот. Повеќето од денешните деца имаат проблем со недоволна концентрација и внимание. Најчестиот виновник за ова е современиот начин на живот и употребата на паметни уреди. Сите деца се раѓаат со неограничен потенцијал на нивниот ум, но прашањето е дали оваа шанса ќе се користи или ќе биде трајно пропуштена, наведуваат од специјализираното училиште.