Денеска беше означен почетокот на реконструкцијата на игралиштето во населбата Баир во Битола.
– Со обезбедени средства од над 402.000 денари од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка, во соработка со „Преда плус“ и „Баирска светлина“ како невладини организации, моментно се изведуваат реконструктивни зафати за адаптација на месната заедница.
Во реализацијата на овој проект општината Битола се вклучува со средства од 450.000 денари.
Исто така, на оваа локација се изведуваат реконструктивни зафати на спортското игралиште, со што ќе се овозможат услови за населението од овој дел да има спортски активности.
Ќе бидат поставени спортски реквизити, но и клупи, односно целосна адаптација, со цел да се добие пријатно катче за дружење и за спорт.
Средствата се обезбедени од Советот на Европа, преку програмата „Ромактед“ во вредност од над 540.000 денари, а за некаде околу 30-тина дена треба да имаме друга слика на спортскиот терен, истакна градоначалничката на Битола, Наташа Петровска.
М.М.