Во Новаци денеска почна темелната реконструкција на општинската зграда.
Според зборовите на првиот човек на Општината Новаци, Љупчо Кузманоски со реконструкцијата на општинската зграда ќе се создадат далеку подобри услови за работа на општинските служби, ќе се изгради сала за работа на Советот, бидејќи сега, во недостиг на простор, Советот седниците ги држи во други простории, надвор од објектот, а ќе се изгради лифт за инвалидизираните и хендикепираните лица кои непречено ќе можат да ги остваруваат своите права.
Реконструкцијата на општинската зграда ќе изнесува околу 400 илјади евра, кои ќе се плаќаат на 36 еднакви рати од три годишни општински буџети. М.М.