Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Намалена видливост поради магла од 50 до 100 метри има во Тетово, Гостивар, Битола, Прилеп, Охрид, Ресен, Македонски Брод, Страцин и кај Павлешници видливоста е до 30 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.