Пределот околу селото Дабница, Прилепsско, зафатен e од пожар од поголеми размери, информираат од општина Прилеп.

Екипи на Територијалната противпожарна единица – Прилеп се излезени на терен и интервенираат со две возила и десетина пожарникари. Пожарникарите прават напори да го спречат ширењето на пожарот и опасноста да ги зафати куќите во селото Дабница.

Слободан Момироски, водач на група и заменик командир на смена, вели дека боровата шума која се наоѓала лево од селото е веќе изгорена. Секој момент очекуваат помош во техника и персонал и од шумската полиција.

Противпожарната служба апелира до граѓаните од општина Прилеп кои имаат куќи и викендици во село Дабница, да се упатат кон селото со цел да помогнат во справувањето со стихијата и зачувување на нивниот имот.

К.М.