Советот на општина Прилеп денеска ја одржа редовната 62-рата седница, со 15 прашања на дневниот ред. При тоа советниците донесоа одлука за ставање вон сила на Одлуката за прифаќање на донација на Општина Прилеп, а го изгласаа и тримесечниот извештај за финансиското работење на ЈП за ПУП Прилеп за период од 01.07.2021 година до 30.09.2021 година. На седницата беа одобрени и Годишните планови за вработување во дел од јавните претпријатија, јавни општински установи и основни и средни училишта.
Воедно, советниците дадоа согласност за формирање на паралелки со помал број на ученици во прва година во учебната 2021/2022 година во средните училишта и на Одлуката за бројот на деца кои ќе бидат згрижени во воспитните групи за деца, во ЈОУДГ „Наша иднина“.
Градоначалникот Илија Јованоски им се заблагодари на советниците за соработката во изминатите четири години и за одлуките што биле донесени во интерес на граѓаните.
Ка.М.