Времето во Македонија ќе биде претежно облачно, во јужните делови со локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а во горниот тек на Повардарието и во крајните западни делови повремено засилен југоисточен ветер.
Утринската температура ќе се движи од два до осум, а дневната од 12 до 17 степени.
Во Скопје слично време, претежно облачно со повремено засилен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до седум, а дневната ќе се искачи до 17 степени.
И во недела ќе преовладува облачно време со локални врнежи од дожд. Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса во понеделник ќе има пообилни врнежи од дожд насекаде низ земјава, а на места врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи и засилен ветер. Потоа во следните денови ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи, како и со пораст на дневната температура.