По поставувањето на новите канделабри на пешачката улица на „Булеварот 1 Мај“, кои светнаа на крајот на минатата недела, поставени се и новите канделабри на реконструираниот дел од улицата „Димитар Илиевски Мурато“ во Битола.
Поставувањето на новите канделабри и замената на старите дотраени столбови, продолжува и на другите улици кои се во фаза на реконструкција.
Со реализацијата на инфраструктурните проекти кои го решаваат и проблемот со уличното осветлување, се врши поставување на подземен довод за новите канделабри, што е од големо значење во поглед на безбедносниот и визуелниот аспект, со што висечките кабли стануваат минато.
М.М.