Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денеска додели сертификати, на негувателите кои успешно ја завршија обуката за обезбедување на соодветна грижа за лицата на кои тоа им е неопходно.
Досегашната подготовка на негувателите, се спроведе како дел од проектот за обука на негуватели за помош на стари лица и лица со попреченост, кој се реализираше во
соработка помеѓу Општина Битола и општинската организација на Црвениот крст.
Сертифицираните негуватели ќе бидат опремени и со медицински помагала, апарати за мерење шеќер, притисок, прва помош, со што ќе можат да одговорат на потребите на
лицата кои се соочуваат со одредени потешкотии, да придонесат за подобрување на состојбата, но и да ја намалат нивната потреба од често посетување на здравствените
институции или Центарот за социјална работа. М.М.