Во иднина битолчани преку проектот „Во една точка за услуги“, ќе можат да добиваат 64 дигитални услуги од државните институции.
Со цел на едно место граѓаните да добијат повеќе услуги од дражавните институции, во Битола денес е отворен центар за јавни услуги „Една точка за услуги”, проект на Министерството за информатичко општество и администрација.
– На овој начин треба да се поедностави пристапот на граѓаните до вкупно 64 услуги на Министерствата за внатрешни работи и за транспорт и врски, Управата за јавни приходи, Агенцијата за катастар на недвижности, Агенцијата за вработување, Министерството за труд и социјална политика, Централниот регистар, Фондот за
здравствено осигурување, Управата за водење матични книги, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување – рече на отворањето на оваа канцеларија министерот за
информатичко општество и администрација Јетон Шаќири.
Канцеларијата се наоѓа во Безистенот во Битола, на влезот кој е наспроти комплексот Шехерзада.
– Поводот е навистина значаен за олеснување на услугите кон граѓаните во добивање на низа документи. Денешниот настан во кој локалните самоуправи можат да се
вклучат интероперативно во овие системи и да ги олеснат и совите постапки на делување, но да го олеснат и пристапот на граѓаните. Ова потврдува дека станува збор за едно време во кое што оваа држава со оваа власт и овие политики прави сериозен исчекор во дигитлизацијата за услуги кон граѓаните и во насока на препознатливост во светски рамки како треба да функционира едно општество – рече
градоначалничката Наташа Петровска.
М.М.