Бројот на регистрирани пожари во 2018 година во кичевско е многу помал споредено со 2017 година, кога беа регистрирани рекорден број на пожари дури 270, но се движи во рамките на повеќегодишниот просек. Што се однесува до материјалната штета, таа не е преголема, бидејќи немаше пожари од пошироки размери. Во мината година најголемиот број на пожари 36, се на објекти и 34 пожари се на земјоделски површини.

-Во 2018 година во нашата општина регистрирани се вкупно 109 пожари на кои е извршена техничка интервенција. Во вкупниот број на пожари доминираат пожарите на објекти 36, и пожари на земјоделски површини вкупно 34, од кои најголем број се регистрирани на стрништа.Гледано по месеци во вкупниот број, најмногу пожари се регистрирани во месеците октомври 58 и септември 37 и без овие месеци бројот на пожари во преостанатиот дел од годината е речиси занемарлив. Покрај најмногубројните пожари на објекти и земјоделски површини,преостанатите пожари се регистрирани 9 на сообраќајни средства ,6 шумски пожари, што е најмала бројка на ваков вид пожари последните неколку години,18 пожари на депонии и 6 пожари на останати објекти и локации – истакна Леоне Станишоски од ДЗС ПО Кичево.

Инаку во претходните неколку години најголемиот број на пожари во 2017 година беа регистрирани на земјоделски површини, вкупно 140. Во 2016 година од вкупно 104 регистрирани пожари, најголемиот број или 38 беа регистрирани на објекти, додека во 2015 година од 127 пожари на кои е извршена техничка интервенција, најмногу пожари 49 се регистрирани на депонии.

Зоран Антоски, Кичево