Фото: В.М.Младеновска

Годинава Министерството за локална самоуправа оддели 48 милиони денари за финансирање на 15 проекти од Пелагонискиот плански регион, рече денеска во Битола министерот за локална самоуправа, Горан Милевски.

– Денеска ги потпишавме договорите за финансирање на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, при што Министерството за локална самоуправа го финансира изработувањето на проектите со кои ќе аплицираат следната година за финансиска поддршка од државата – истакна министерот Милевски.

Градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, посочи дека зголемени се средствата што централната власт ги издвојува за единиците на локалната самоуправа.

-Во 2017 година се издвојувале 3,5 милиони евра, а сега се издвојуваат седум милиони евра, што е повеќекратно зголемување. Тоа покажува дека оваа Влада сериозно го помага процесот на децентрализација со соодветна финансиска поддршка и можност на општините директно да влијаат во нивниот развој- истакна градоначалничката на oпштина Битола, Наташа Петровска.

Првиот човек на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, Гого Видимче вети реализација на повеќе проекти во Пелагонискиот регион кои што, според него, во голем дел ќе го подобрат животот на граѓаните.

Инаку, преку Бирото за регионален развој моментно во Пелагонискиот регион, се реализираат осум проекти.

М.М.