Се наметнува прашањето дали количините смет повторно летово ќе бидат проблем за тетовци, поради зачестеното собирање на отпад на претоварната станица. Се повторува сликата од мај кога големи количини смет се забележуваа во дворот на новата претоварна станица.
Градоналачничката Теута Арифи вели дека таму работите за компресирање и носење на сметот во депонијата Дрисла се одвиваат редовно. Според неа периодични застои има поради поради потребата да се усовршуваат знаењата околу технологијата на работа на системот кај работниците, како и дефектите кои се тековна појава.
– Тие работат редовно. Сме имале ситуации кога поради дефекти требало да се чека цел ден и да се заврши работата во текот на ноќта. Го имаме предвид фактот дека тоа
функционира добро со добра динамика и немаме поголеми проблеми околу освен нормалните проблеми со одржувањето на технологијата која е нова исто така и за нас – изјави Теута Арифи.
Во мај поради многу смет во градот се чувствуваше непријатна миризба на изгорено, пред се во вечерните часови. Сега со доаѓањето на голем борј печалбари во градот за летните месеци се очекува и зголемување на сметот кој комуналците треба да го соберат.
– Ако во јанури, февруари, март имаме 150 до 170 тони на ден, во јули-август достигнува до 280-300 тони на ден. Се обидуваме да го собереме сметот на поголемите улици не само во трета смена туку и во текот на денот, односно два пати се чистат контејнерите – изјави Џелал Цека од комуналното претријатие.
Новата претоварна станица на еден километар надвор од Тетово во правец кон селото
Требош беше претставено токму како решение за количините на смет. Се собира и
компресира за да се носи во големи камиони кои собираат по 35 кубни метри отпад. А.С.