Капитални инвестиции во Битола преку Програмата за рурален развој

Во присуство на премиерот Зоран Заев, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на руралниот развој Никола Бабовски и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска потпишаа договор за капитални инвестиции преку Програмата за рурален развој. Преку оваа програма во поширокиот Пелагонсико-преспански регион ќе бидат инвестирани 101.797.260 денари.

– Со реализација на овие проекти за кои денес доделивме решенија ќе се подобри квалитетот на живот на граѓаните и од овој регион. Ќе се реконструираат патишта, ќе се прават пристапни патишта до земјоделското земјиште, ќе се уредуваат излетнички места, а ќе се направи и адаптација на пазарот во Битола. Во oпштина Битола ќе се инвестираат вкупно 32.176.406 денари- рече премиерот Зоран Заев.

Премиерот додаде дека вакви решенија ќе добијат и општините Новаци и Могила.

Во Општината Могила ќе се инвестираат 9. 095. 482 денари за реконструкција на локален пат за поврзување на село Долно Српци до регионалниот пат Р106 и поврзување на село Беранци до регионалниот пат Р106, како и пристапен пат до земјоделското земјиште.

М.М.