Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола вчера изршиле контрола на возила со цел утвтрдвање дали се вози под дејство на алкохол, со зголемена брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, како и непочитување првенство.
Притоа, како што информираат од СВР Битола, било констатирано дека шест возачи управувале возило без возачка дозвола, седум возила биле нерегистрирани, брзината ја надминале 25 возачи, тројца возачи зборувале на мобилен телефон додека управувале возило, а под дејство на алкохол биле три возачи и тие биле исклучени од сообраќај.
За сите прекршоци изречени се соодветни казни.
Ка.М.