Фото: Зоран Антоски

Вечерва во 20 часот, во ликовната галерија од Центарот за култура во Кичево, ќе биде отворена изложба на дела создадени на петтата Младинска керамичка работилница „Кичево-2019“, што во втората половина од месец јуни се одржа во најгрнчарското село во земјава – Вранештица.

За првпат на годинашната керамичка работилница зедоа учество единствено учениците од ОСУ „Мирко Милески-Кичево“, додека поради одредени проблеми отсуствуваа учениците од Државното средно училиште за уметност и дизајн „Лазар Личеноски“ од Скопје.

Фото: Зоран Антоски

-Денес со почеток во 20 часот, во уметничката галерија од Центарот за култура во Кичево, ќе биде отворена изложба на дела создадени на јубилејната петта Младински керамичка работилница „Кичево-2019“, што во втората половина од месец  јуни се одржа во село Вранештица. За првпат годинава на работилницата зедоа учество единствено учениците од ОСУ „Мирко Милески-Кичево“ додека отсуствуваа ученици од „Лазар Личеноски“ од Скопје. На годинашната работилница креираа осум ученици од втора и трета година, под менторство на професорот Мирослав Крстески. Делата од керамичката работилница планираме да бидат презентирани и во училиштето партнер од претходните четири години, „Лазар Личеноски“ од Скопје – истакна Мазлам Османи, директор на Центарот за култура во Кичево.

Фото: Зоран Антоски

Во изминатите пет години на керамичката работилница во село Вранештица, создадени се околу 300 дела од глина во разни форми и големини а дел од нив се креации на самите ученици, кои сѐ повеќе навлегуваат во тајните на овој  занает стар повеќе од 5.000 години.

З.А.